8 Тогаш Петар, исполнет со Дух Свети, им рече: „Началници народни и старешини израилски,
9 ако денес нѐ испитувате за доброто дело, што му го направивме на болниот човек, за да кажеме како е тој излекуван,
10 тогаш нека ви биде познато на сите вас и на сиот народ израилски, дека овој стои здрав пред вас во името на Исус Христос од Назарет, Кого вие Го распнавте, Кого Бог Го воскресна од мртвите.
11 Тој е оној камен што од вас ѕидарите беше отфрлен, Кој стана камен темелник;
12 и во никој друг нема спасение: зашто под небото нема друго име дадено на луѓето, преку кое би можеле да се спасиме.“
13 А кога ја видоа смелоста на Петар и Јован, и дознаа дека тоа се неуки и прости луѓе, тие само се восхитуваа. Сфатија дека и тие беа со Исус.
14 Но, гледајќи го излечениот човек како стои со нив, тие немаа што да им возвратат.