1 А еден човек, по име Ананија, заедно со својата жена Сапфира, ја продаде нивата
2 и еден дел од добиените пари сокри, со знаење на жена си, додека другиот дел го донесе и го стави пред нозете на апостолите.
3 Но Петар рече: „Ананија, зошто го исполни сатаната срцето твое да Го излажеш Светиот Дух и да прикриеш дел од земените пари за нивата?
4 Додека не беше продадена, нели беше твоја? И откако ја продаде, нели беа парите во твоја власт? Зошто си стави на срцето свое таква работа? Ти не излажа луѓе, туку Бога!“
5 Кога ги слушна Ананија тие зборови, падна и издивна; и голем страв ги обзеде сите што го слушаа тоа.
6 Станаа момчињата, го завиткаа, го изнесоа и го погребаа.
7 А кога поминаа околу три часа, влезе и жената негова, не знаејќи што се случило.