12 Преку рацете на апостолите се појавуваа знаци и се случуваа многу чуда меѓу луѓето; и сите беа еднодушни во тремот Соломонов.
13 Од другите, пак, никој не се осмелуваше да им се придружи, а сепак, народот ги возвеличуваше.
14 И сѐ повеќе се зголемуваше бројот на оние што веруваа во Господ, мноштво од мажи и жени,
15 така што и по улиците изнесуваа болни и ги полагаа на постелки и носила, та кога ќе помине Петар, барем сенката негова да осени некого од нив.
16 А доаѓаа во Ерусалим и многумина од околните градови, донесувајќи болни, мачени од нечисти духови, и сите се исцелуваа.
17 Тогаш првосвештеникот и сите што беа со него, приврзаници на садукеите, станаа и се исполнија со завист,
18 и ги кренаа рацете свои на апостолите и ги ставија во јавниот затвор.