14 И сѐ повеќе се зголемуваше бројот на оние што веруваа во Господ, мноштво од мажи и жени,
15 така што и по улиците изнесуваа болни и ги полагаа на постелки и носила, та кога ќе помине Петар, барем сенката негова да осени некого од нив.
16 А доаѓаа во Ерусалим и многумина од околните градови, донесувајќи болни, мачени од нечисти духови, и сите се исцелуваа.
17 Тогаш првосвештеникот и сите што беа со него, приврзаници на садукеите, станаа и се исполнија со завист,
18 и ги кренаа рацете свои на апостолите и ги ставија во јавниот затвор.
19 Но преку ноќта ангел Господов ја отвори вратата од затворот, и, откако ги изнесе, им рече:
20 „Одете, застанете во храмот и кажувајте му ги на народот сите зборови за овој живот!“