16 А доаѓаа во Ерусалим и многумина од околните градови, донесувајќи болни, мачени од нечисти духови, и сите се исцелуваа.
17 Тогаш првосвештеникот и сите што беа со него, приврзаници на садукеите, станаа и се исполнија со завист,
18 и ги кренаа рацете свои на апостолите и ги ставија во јавниот затвор.
19 Но преку ноќта ангел Господов ја отвори вратата од затворот, и, откако ги изнесе, им рече:
20 „Одете, застанете во храмот и кажувајте му ги на народот сите зборови за овој живот!“
21 Штом го слушнаа тоа, апостолите влегоа утрината во храмот и почнаа да поучуваат. А првосвештеникот и неговите приврзаници кога дојдоа, го свикаа Синедрионот и сите старешини меѓу Израилевите синови и пратија во затворот луѓе да ги доведат апостолите.
22 Но кога слугите отидоа, не ги најдоа, па, штом се вратија, изјавија,