Дела 5:17-23 MK2006D

17 Тогаш првосвештеникот и сите што беа со него, приврзаници на садукеите, станаа и се исполнија со завист,

18 и ги кренаа рацете свои на апосто­ли­те и ги ставија во јавниот затвор.

19 Но преку ноќта ангел Господов ја отвори вратата од затворот, и, откако ги изнесе, им рече:

20 „Одете, застанете во храмот и ка­жувајте му ги на народот сите зборови за овој живот!“

21 Штом го слушнаа тоа, апостолите влегоа утрината во храмот и почнаа да поучуваат. А првосвештеникот и него­вите приврзаници кога дојдоа, го свикаа Синедрионот и сите старешини меѓу Израилевите синови и пратија во зат­ворот луѓе да ги доведат апостолите.

22 Но кога слугите отидоа, не ги најдоа, па, штом се вратија, изјавија,

23 велејќи: „Затворот го најдовме заклучен како што треба и стражата стоеше надвор пред портата. А кога отворивме, внатре никого не најдовме.“