19 Но преку ноќта ангел Господов ја отвори вратата од затворот, и, откако ги изнесе, им рече:
20 „Одете, застанете во храмот и кажувајте му ги на народот сите зборови за овој живот!“
21 Штом го слушнаа тоа, апостолите влегоа утрината во храмот и почнаа да поучуваат. А првосвештеникот и неговите приврзаници кога дојдоа, го свикаа Синедрионот и сите старешини меѓу Израилевите синови и пратија во затворот луѓе да ги доведат апостолите.
22 Но кога слугите отидоа, не ги најдоа, па, штом се вратија, изјавија,
23 велејќи: „Затворот го најдовме заклучен како што треба и стражата стоеше надвор пред портата. А кога отворивме, внатре никого не најдовме.“
24 Штом ги слушнаа овие зборови, храмскиот заповедник и првосвештениците збунети размислуваа што би требало да значи тоа.
25 Но некој дојде, ги извести и им рече: „Ене, луѓето што ги затворивте, стојат во храмот и го поучуваат народот.“