Дела 5:24-30 MK2006D

24 Штом ги слушнаа овие зборови, храмскиот заповедник и првосвеш­те­ни­ците збунети размислуваа што би тре­ба­ло да значи тоа.

25 Но некој дојде, ги извести и им ре­че: „Ене, луѓето што ги затворивте, стојат во храмот и го поучуваат народот.“

26 Тогаш храмскиот заповедник отиде заедно со слугите и ги доведе, но не на сила; зашто се плашеа од народот со ка­мења да не ги убијат нив самите.

27 А кога ги доведоа, ги изведоа пред Синедрионот и првосвештеникот, пра­шувајќи ги, рече:

28 „Зарем не ви забранивме строго да не поучувате во тоа име? А вие пак го исполнивте Ерусалим со вашето учење и сакате крвта на Оној човек да ја фрлите на нас.“

29 А Петар и апостолите одговорија и рекоа: „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога отколку на луѓето.

30 Бог на татковците наши Го воскресна Исуса, Кого вие Го погубивте, при­ковувајќи Го на крст.