26 Тогаш храмскиот заповедник отиде заедно со слугите и ги доведе, но не на сила; зашто се плашеа од народот со камења да не ги убијат нив самите.
27 А кога ги доведоа, ги изведоа пред Синедрионот и првосвештеникот, прашувајќи ги, рече:
28 „Зарем не ви забранивме строго да не поучувате во тоа име? А вие пак го исполнивте Ерусалим со вашето учење и сакате крвта на Оној човек да ја фрлите на нас.“
29 А Петар и апостолите одговорија и рекоа: „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога отколку на луѓето.
30 Бог на татковците наши Го воскресна Исуса, Кого вие Го погубивте, приковувајќи Го на крст.
31 Бог со десницата Своја Го возвиси Него, Зачетникот и Спасителот, за да му даде покајание и простување на гревовите на Израил.
32 За тие зборови сведоци Негови сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние што Му се покоруваат.“