Дела 5:30-36 MK2006D

30 Бог на татковците наши Го воскресна Исуса, Кого вие Го погубивте, при­ковувајќи Го на крст.

31 Бог со десницата Своја Го возвиси Него, Зачетникот и Спасителот, за да му даде покајание и простување на гре­вовите на Израил.

32 За тие зборови сведоци Негови сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние што Му се покоруваат.“

33 Кога го слушнаа тоа, тие се разлу­ти­ја и мислеа да ги убијат.

34 Но во Синедрионот стана тогаш еден фарисеј, по име Гамалиил, учител на Законот, почитуван од целиот народ, и заповеда за кратко време да ги изведат апостолите надвор,

35 а ним им рече: „Луѓе Израилци, размислете добро што ќе правите со овие луѓе!

36 Зашто, пред извесно време се крена Тевда, кој зборуваше за себеси дека е тој голем човек, и му се придружија четиристотини мажи; тој беше убиен, и сите што му поверуваа, се разотидоа и исчезнаа.