Дела 5:32-38 MK2006D

32 За тие зборови сведоци Негови сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние што Му се покоруваат.“

33 Кога го слушнаа тоа, тие се разлу­ти­ја и мислеа да ги убијат.

34 Но во Синедрионот стана тогаш еден фарисеј, по име Гамалиил, учител на Законот, почитуван од целиот народ, и заповеда за кратко време да ги изведат апостолите надвор,

35 а ним им рече: „Луѓе Израилци, размислете добро што ќе правите со овие луѓе!

36 Зашто, пред извесно време се крена Тевда, кој зборуваше за себеси дека е тој голем човек, и му се придружија четиристотини мажи; тој беше убиен, и сите што му поверуваа, се разотидоа и исчезнаа.

37 По него, во време на пописот, се крена Јуда Галилеецот и повлече по се­бе доста народ; но и тој загина и сите што го следеа се растурија.

38 И сега ви велам – оставете ги овие луѓе на мир, не гибајте ги; зашто, ако е таа замисла или тоа дело од луѓе, ќе се разруши;