38 И сега ви велам – оставете ги овие луѓе на мир, не гибајте ги; зашто, ако е таа замисла или тоа дело од луѓе, ќе се разруши;
39 а ако е, пак, од Бога, вие не можете да го разрушите; внимавајте да не станете борци против Бога!“ Тие го послушаа,
40 и откако ги повикаа апостолите, ги натепаа и им заповедаа да не зборуваат во името на Исус, па ги пуштија.
41 А тие излегоа од Синедрионот радосни, зашто беа удостоени да поднесат измачувања за името на Господ Исус.
42 И секој ден во храмот и по куќите не престануваа да поучуваат и да благовестат дека Исус е Христос.