5 Кога ги слушна Ананија тие зборови, падна и издивна; и голем страв ги обзеде сите што го слушаа тоа.
6 Станаа момчињата, го завиткаа, го изнесоа и го погребаа.
7 А кога поминаа околу три часа, влезе и жената негова, не знаејќи што се случило.
8 И Петар ја праша: „Кажи ми, за толку пари ли ја продадовте нивата?“ Таа одговори: „Да, за толку.“
9 Петар потоа ѝ рече: „Зошто сте се договориле да Го искушувате Духот на Господ? Ете, пред вратата веќе стојат нозете на оние што го закопаа твојот маж; и тебе ќе те изнесат.“
10 И таа веднаш падна пред нозете негови и издивна. А момчињата кога влегоа, ја најдоа мртва, ја изнесоа и ја погребаа до нејзиниот маж.
11 И голем страв ја обзеде целата Црква и сите оние што го слушнаа тоа.