Дела 7:1-7 MK2006D

1 Тогаш првосвештеникот рече: „Та­ка ли е тоа?“

2 А тој одговори: „Луѓе браќа и тат­ковци, чујте! Бог на славата му се јави на нашиот татко Авраам, кога беше во Месопотамија, уште пред да се пресели во Харан,

3 и му рече: ‚Излези од твојата земја, од твојот род и од домот на татко ти, па појди во земјата што ќе ти ја покажам.‘

4 Тогаш тој излезе од земјата Хал­деј­ска и се насели во Харан, а оттаму, по смртта на неговиот татко, Бог го пресе­ли во оваа земја, каде што живеете вие сега.

5 И во неа не му даде наследство ниту една стапка земја, но вети дека ќе му ја даде на потомството негово и нему во посед, иако уште немаше челад.

6 И му рече Бог вака: „Потомците твои ќе бидат населени во туѓа земја и ќе бидат поробени и мачени четирис­то­ти­ни години.

7 Но јас ќе му судам на оној народ, под чие ропство ќе бидат; а потоа тие ќе излезат и ќе Ми служат на ова мес­то.