16 и ги пренесоа во Сихем, и ги положија во гробот, што во Сихем го беше купил за сребро Авраам од синовите на Емор.
17 Но како што наближуваше времето за исполнување на ветувањето, за кое Бог му се заколна на Авраам, во Египет се зголемуваше и се намножуваше бројот на луѓето,
18 сѐ додека во Египет не дојде друг цар кој не го познаваше Јосиф.
19 Тој лукаво постапи со нашиот народ, ги мачеше татковците наши, присилувајќи ги своите новороденчиња да ги оставаат за да не останат живи.
20 Во тоа време се роди и Мојсеј, кој Му беше на Бога мил. Три месеци беше хранет во куќата на својот татко.
21 А кога беше оставен, него го прибра фараоновата ќерка и го одгледа како свој син.
22 И ја научи Мојсеј целата мудрост египетска и беше силен во зборови и во дела.