19 Тој лукаво постапи со нашиот народ, ги мачеше татковците наши, присилувајќи ги своите новороденчиња да ги оставаат за да не останат живи.
20 Во тоа време се роди и Мојсеј, кој Му беше на Бога мил. Три месеци беше хранет во куќата на својот татко.
21 А кога беше оставен, него го прибра фараоновата ќерка и го одгледа како свој син.
22 И ја научи Мојсеј целата мудрост египетска и беше силен во зборови и во дела.
23 А кога навршуваше четириесет години, нему му дојде на ум да ги посети браќата свои, синовите Израилеви.
24 И кога виде дека еден од нив го навредуваа, го заштити; одмаздувајќи се за измачуваниот, го уби Египќанецот.
25 Тој мислеше дека браќата негови ќе согледаат дека Бог преку неговата рака ќе им даде спасение, но тие не сфатија.