20 Во тоа време се роди и Мојсеј, кој Му беше на Бога мил. Три месеци беше хранет во куќата на својот татко.
21 А кога беше оставен, него го прибра фараоновата ќерка и го одгледа како свој син.
22 И ја научи Мојсеј целата мудрост египетска и беше силен во зборови и во дела.
23 А кога навршуваше четириесет години, нему му дојде на ум да ги посети браќата свои, синовите Израилеви.
24 И кога виде дека еден од нив го навредуваа, го заштити; одмаздувајќи се за измачуваниот, го уби Египќанецот.
25 Тој мислеше дека браќата негови ќе согледаат дека Бог преку неговата рака ќе им даде спасение, но тие не сфатија.
26 А на другиот ден, кога некои од нив се тепаа, тој дојде кај нив и ги советуваше да се смират, велејќи: ‚Луѓе, вие сте браќа; зошто се навредувате меѓу себе?‘