Дела 7:26-32 MK2006D

26 А на другиот ден, кога некои од нив се тепаа, тој дојде кај нив и ги советува­ше да се смират, велејќи: ‚Луѓе, вие сте браќа; зошто се навредувате меѓу себе?‘

27 Но оној што го навредуваше својот ближен, го одби од себе и му рече: ‚Кој те поставил да бидеш началник и судија над нас?

28 Или, пак, и мене сакаш да ме уби­еш, како што вчера го уби Егип­ќа­не­цот?‘

29 Од тие зборови Мојсеј побегна и се насели како туѓинец во земјата мидјанска, каде што му се родија два сина.

30 И кога поминаа четириесет години, му се јави ангел Господов во пустината на Синајската Гора, во огнен пламен во една капина.

31 Мојсеј штом виде, се зачуди од тоа видение; и кога се приближи да погледа внимателно, пристигна до него гласот Господов:

32 ‚Јас сум Бог на татковците твои, Бог Авраамов, Бог Исаков, Бог Јако­вов.‘ Мојсеј се стресе и не смееше да погледа.