32 ‚Јас сум Бог на татковците твои, Бог Авраамов, Бог Исаков, Бог Јаковов.‘ Мојсеј се стресе и не смееше да погледа.
33 А Господ му рече: ‚Собуј си ги обувките од нозете, зашто местото на кое стоиш е света земја!
34 Јас ги видов добро маките на Мојот народ што е во Египет и го слушнав неговото воздивнување; па слегов да го избавам; а сега пријди да те пратам во Египет!‘
35 Тој, Мојсеј, кого го беа одбиле, велејќи: ‚Кој те поставил за началник и судија‘, него Бог преку ангелот, кој му се јави во капината, го прати за началник и избавител.
36 Тој ги изведе, правејќи чудеса и знаци во земјата египетска и во Црвеното Море и во пустината во тек на четириесет години.
37 Тоа е оној Мојсеј што беше им рекол на синовите Израилеви: ‚Господ, Бог ваш, меѓу браќата ваши ќе ви издигне Пророк како мене. Него послушајте Го!‘.
38 Тоа е оној што на собирот во пустината на Планината Синајска беше со ангелот кој му зборуваше, и со татковците наши; оној што прими животворни зборови нам да ни ги предаде,