42 А Бог се одврати од нив и ги остави да му служат на воинството небесно, како што е напишано во Книгата на пророците: ‚Доме Израилев, Ми принесовте ли вие заклани животни и жртви во текот на четириесетте години во пустината?
43 Вие го прифативте шаторот на Молох и ѕвездата на вашиот бог Ремфан, идоли што ги направивте вие за да им се поклонувате: и Јас ќе ве преселам потаму од Вавилон.‘
44 Нашите татковци имаа во пустината скинија на собранието, како што беше заповедал Оној Кој му зборуваше на Мојсеј да ја направи според образецот што го беше видел.
45 Неа татковците наши ја примија и со Исус Навин ја внесоа во земјата на незнабошците, што Бог ги отфрлаше од лицето на татковците наши; а тоа се случуваше сѐ до времето на Давид,
46 кој најде милост пред Бога, посака да Му најде живеалиште на Бог Јаковов.
47 А Соломон Му изгради дом,
48 но Севишниот не живее во ракотворени храмови, како што вели пророкот;