44 Нашите татковци имаа во пустината скинија на собранието, како што беше заповедал Оној Кој му зборуваше на Мојсеј да ја направи според образецот што го беше видел.
45 Неа татковците наши ја примија и со Исус Навин ја внесоа во земјата на незнабошците, што Бог ги отфрлаше од лицето на татковците наши; а тоа се случуваше сѐ до времето на Давид,
46 кој најде милост пред Бога, посака да Му најде живеалиште на Бог Јаковов.
47 А Соломон Му изгради дом,
48 но Севишниот не живее во ракотворени храмови, како што вели пророкот;
49 ‚Небото е Мојот престол, а земјата подножје на нозете Мои. Каков дом ќе ми направите, вели Господ, или кое место е за Мојата почивка?
50 Не го направи ли сето ова Мојата рака?‘