46 кој најде милост пред Бога, посака да Му најде живеалиште на Бог Јаковов.
47 А Соломон Му изгради дом,
48 но Севишниот не живее во ракотворени храмови, како што вели пророкот;
49 ‚Небото е Мојот престол, а земјата подножје на нозете Мои. Каков дом ќе ми направите, вели Господ, или кое место е за Мојата почивка?
50 Не го направи ли сето ова Мојата рака?‘
51 Тврдоглави и необрезани по срцето и ушите! Вие секогаш Му се противевте на Светиот Дух – како татковците ваши, така и вие.
52 Кого од пророците не го гонеа вашите татковци? Тие ги убија оние што го предвестија доаѓањето на Праведникот, чии предавници и убијци станавте сега и вие,