54 Кога го слушаа ова, срцата им се исполнија со гнев и со забите крцкаа против него.
55 А Стефан, исполнет со Дух Свети, кога погледна кон небото, ја виде славата Божја и Исус како стои од десната страна на Бога,
56 и рече: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки како стои од десната страна на Бога.“
57 Но тие извикаа со висок глас, ги затворија ушите свои и еднодушно се нафрлија на него.
58 И откако го изведоа надвор од градот, почнаа на него да фрлаат камења: а сведоците ги оставија алиштата свои пред нозете на едно момче, по име Савле.
59 И додека фрлаа камења врз Стефан, тој повикуваше и велеше: „Господи Исусе, прими го духот мој!“
60 Потоа падна на колена, и извика со висок глас: „Господи, не примај им го ова за грев!“ И штом го рече тоа, почина.