9 Патријарсите беа завидливи кон Јосиф и го продадоа во Египет; но Бог беше со него,
10 и го избави од сите негови маки и го дарува со благодат и мудрост пред фараонот, египетскиот цар, кој го постави и за началник над Египет и над целиот свој дом.
11 Тогаш настана глад и голема мака по целата земја египетска и хананска, и нашите татковци не наоѓаа храна.
12 А Јаков, кога чу дека во Египет има пченица, ги прати таму по прв пат татковците наши.
13 И кога отидоа по вторпат, Јосиф им се откри на браќата и фараонот го запозна родот на Јосиф.
14 Тогаш Јосиф прати гласници да го повикаат татко му Јаков и сиот свој род – седумдесет и пет души.
15 И така Јаков слезе во Египет, и таму умре тој и татковците наши;