Дела 8:32-38 MK2006D

32 А местото од Писмото што го читаше, беше ова: „Како овца на клање беше одведен, и како што јагнето стои безгласно пред својот стригач, така и Тој устата Своја не ја отвори.

33 Во неговата понизност Тој беше ли­шен од праведен суд. А поколението Негово кој ќе го искаже? Зашто животот Негов се одзема од земјата.“

34 Тогаш Етиопјанецот проговори и му рече на Филип: „Те молам, за кого ова го зборува пророкот, за себе или за некој друг?“

35 А тогаш, Филип ја отвори устата своја, започнувајќи да му објаснува од тоа место во Писмото и да му бла­го­вес­ти за Исус.

36 И одејќи така патем, тие стигнаа до една вода; и Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ми пречи да се крстам?“

37 А Филип му рече: „Ако веруваш од сѐ срце – можеш.“ Тој одговори и рече: „Верувам дека Исус Христос е Син Божји.“

38 И заповеда колата да запре, па слегоа во водата обајцата, и Филип и ев­ну­хот, и го крсти.