Дела 9:33-39 MK2006D

33 Таму, пак, најде еден човек по име Енеј, кој цели осум години лежел на постела, зашто бил неподвижен.

34 И Петар му рече: „Енеј, тебе те ис­целува Исус Христос. Стани и направи си ја постелата сам!“ И тој веднаш ста­на.

35 И го видоа сите што живееја во Ли­да и во Сарон, и се обратија кон Господ.

36 Во Јопија имаше една ученичка, по име Тавита, што значи срна; таа беше исполнета со милостина и добри дела, што ги правеше.

37 И токму во тоа време таа се разболе и умре. Тогаш ја измија и ја положија во горната одаја.

38 А бидејќи Лида беше близу до Јо­пи­ја, учениците штом слушнаа дека е Пе­тар таму, веднаш испратија двајца луѓе кај него, молејќи го да дојде до нив што побргу.

39 Петар стана и тргна кај нив. Кога пристигна, го одведоа во горната одаја. И дојдоа кај него сите вдовици, пла­чеј­ќи и покажувајќи му ги ризите и об­ле­ките што ги беше правела Срна додека живееше со нив.