Дела 9:36-42 MK2006D

36 Во Јопија имаше една ученичка, по име Тавита, што значи срна; таа беше исполнета со милостина и добри дела, што ги правеше.

37 И токму во тоа време таа се разболе и умре. Тогаш ја измија и ја положија во горната одаја.

38 А бидејќи Лида беше близу до Јо­пи­ја, учениците штом слушнаа дека е Пе­тар таму, веднаш испратија двајца луѓе кај него, молејќи го да дојде до нив што побргу.

39 Петар стана и тргна кај нив. Кога пристигна, го одведоа во горната одаја. И дојдоа кај него сите вдовици, пла­чеј­ќи и покажувајќи му ги ризите и об­ле­ките што ги беше правела Срна додека живееше со нив.

40 Петар, откако ги истера сите надвор, падна на колена, се помоли, па се сврте кон мртвото тело и рече: „Тавита, стани!“ И таа ги отвори очите свои, го погледна Петар и седна.

41 А Петар тогаш ѝ подаде рака и ја подигна. Тогаш ги повика светиите и вдовиците и им ја предаде жива.

42 И ова се разгласи по цела Јопија, и мнозина поверуваа во Господа.