Дела 9:5-11 MK2006D

5 А тој одговори: „Кој си Ти, Го­спо­дине?“ А Господ му рече: „Јас сум Исус, Кого Го гониш. Тешко е за тебе да се риташ против бодило.“

6 Тресејќи се од страв и ужас, тој пра­ша: „Господи, што сакаш да направам?“ А Господ му рече: „Стани и влези во градот; и ќе ти се каже што треба да правиш!“

7 А луѓето, што одеа по него, стоеја занемени од вчудовиденост, зашто слушаа глас, а никого не гледаа.

8 Савле стана од земјата и, макар што му беа очите негови отворени, ништо не гледаше: и водејќи го за рака, го одведоа во Дамаск.

9 И три дена остана слеп, и ништо не јадеше, ниту пиеше.

10 Во Дамаск, пак, имаше еден ученик по име Ананија, кому во видение Гос­под му рече: „Ананија!“ А тој одговори: „Еве ме Господи!“

11 Тогаш Господ му рече: „Стани и оди во улицата што се вика Права, и во домот Јудин побарај го човекот од Тарс, по име Савле; ете, тој сега се моли.“