Битие (1 Moj.) 10 MKB

1 Ова е родословието на Ноевите синови: Сим, Хам и Јафет, на кои им се родија синови после потопот.

2 Јафетови синови: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Тувал, Мосох и Тирас.

3 А Гомерови синови: Асханаз, Рифат и Тогарма.

4 А Јаванови синови: Елисај, Тарсис, Китим и Доданим.

5 Од нив се раширија народите по островите; според своите земји - секој со сопствен јазик - според своите племиња и народи.

6 Хамови синови: Хус, Мицраим, Фут и Ханаан.

7 А Хусови синови: Сева, Евила, Савта, Рама и Савтека. Рамови синови: Шева и Дедан.

8 Од Хус се роди и Нимрод, кој стана прв велемоќник на земјата.

9 Тој беше добар ловец пред Господа. Затоа се вели: „Голем ловец, пред Господа, како Нимрод!”

10 Во почеток тој царуваше над Вавилон, Ерех, Акад и Халне, во Сенарската Земја.

11 Од таа земја излезе Асур и ги изгради: Ниневија, Ровот-Ир, Халах

12 и Ресен, меѓу Ниневија и Халах, што е голем град.

13 Од Мицраим произлегоа: Лудимците, Анамимците, Левиамците, Нафтухимците,

14 Патрусимците, Каслухимците, од кои потекнуваат Филистејците, и Кафторимците.

15 Од Ханаан потекнуваат: неговиот првенец Сидон и Хете.

16 Натаму: Евусејците, Аморејците, Гергесејците,

17 Евејците, Арукејците, Асенејците,

18 Арватците, Цемарејците и Аматејците. Потоа хананските племиња се раширија,

19 така што ханаанските предели се тегнеа од Сидон кон Герар, сè до Газа, па кон Содом и Гомор, Адма и Цевоим до Лаша.

20 Тоа се Хамовите синови, според своите племиња и јазици, според своите земји и народи.

21 А и на Сим - прататко на сите Еверовци и постар Јафетов брат - му се родија синови.

22 Симови синови: Елам, Асур, Арфаксад, Луд и Арам.

23 А Арамови синови: Уз, Ул, Гетер и Маш.

24 И на Арфаксад му се роди Сала, а на Сала му се роди Евер.

25 А на Евера му се родија два сина; името на едниот беше Фалек, зашто во негово време се раздели земјата; а името на неговиот брат беше Јоктан.

26 Од Јоктана се родија: Алмодад, Шалеф, Хацармавет, Јарах,

27 Адорам, Узал, Дикла,

28 Овал, Авимаил, Шева,

29 Офир, Евил и Јовав; сите тие беа Јоктанови синови.

30 Нивните населби се тегнеа од Меша сè до Сефар, планинско подрачје на исток.

31 Тоа се Симовите синови според своите племиња, јазици, земји и народи.

32 Тоа се семејствата на Ноевите синови според нивните поколенија, во нивните народи. Од нив се раширија народите по земјата, после потопот.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50