Битие (1 Moj.) 20 MKB

1 Оттаму Авраам тргна кон краиштата на Негев и се настани меѓу Кадис и Сур. Додека престојуваше како придојденец во Герар,

2 Авраам рече за својата жена Сбра дека му е сестра. И Авимелех, герарскиот цар, ја зеде Сбра при себе.

3 Но Бог дојде при Авимелеха ноќе, на сон, и му рече: „Треба да умреш заради жената која ја зеде, зашто таа е омажена жена.”

4 А Авимелех не и се беше приближил. Затоа рече: „Господи, зар ќе погубиш праведник?

5 Зар тој не ми рече: ‘Таа ми е сестра.’ А таа сама ми рече: ‘Тој ми е брат.’ Ова го сторив со чиста совест и со иеизвалкани раце”

6 Бог му одговори на сон: „Знам дека тоа го стори со чиста совест; и Јас те задржав да не згрешиш против Мене; и не оставив да се допреш до неа.

7 Сега врати му ја жената на човекот; тој е пророк; ќе моли за тебе, за да останеш во живот. Ако не ја вратиш, знај дека ќе умреш, ти и сите твои.”

8 Рано наутро Авимелех стана, ги свика сите свои слуги и им кажа сè што беше, и луѓето се исплашија многу.

9 Потоа Авимелех го повика Авраама и му рече: „Што ни стори! Со што згрешив јас кон тебе, за да ме изложиш мене, и моето царство, на голем грев? Се однесе кон мене како што не чини.

10 И така, што имаше на ум - го праша Авимелех - кога правеше така?”

11 Авраам одговори: „Навистина сметав дека нема Божји страв во ова место и дека луѓето ќе ме убијат заради мојата жена.

12 Освен тоа, таа е навистина моја сестра: ќерка е на татка ми, иако не и на мајка ми, па ми стана жена.

13 А кога Бог ме оддалечи од татковиот дом, и реков: „Направи ми ја оваа услуга; каде и да дојдеме, кажи за мене дека сум ти брат.”

14 Авимелех зеде овци и говеда, слуги и слугинки и му ги даде на Авраама; му ја врати и жена му Сбра.

15 Потоа Авимелех рече: „Еве, мојата земја ти е отворена. Насели се каде што ќе ти се види за добро!”

16 А на Сбра и рече: „Еве илјада сребреници, што ги давам на твојот брат: нека ти биде превез пред очите на сите кои се со тебе. Ти си секако оправдана.”

17 Авраам му се помоли на Бога, и Бог ги исцели Авимелеха, неговата жена и неговите слугинки, така што пак можеа да раѓаат.

18 Зашто Господ ја затвори секоја утроба, во Авимелеховиот дом, заради Авраамовата жена Сбра.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50