Битие (1 Moj.) 36 MKB

1 Ова е потомството на Исав, кој се викаше и Едом.

2 Исав зеде за себе жени од хананските девојки: Ада, ќерка на Хетеецот Едон; Оливема, ќерка на Ана, внука на Евеецот Севетон;

3 и Васемата, Исмаилова ќерка, сестра Навитова.

4 Ада му го роди на Исава: Елифаза, а Васемата му ги роди Рагуила;

5 Оливема ги роди: Еуса, Јеглома и Кореја. Тоа се Исавовите синови, кои му се родија во Ханаанската Земја.

6 Исав ги зеде своите жени, своите синови, своите ќерки, сите деца на својот дом; својот добиток - крупен и ситен; сиот имот што го спечалил во Ханаанската Земја, и отиде во Сирската Земја, далеку од својот брат Јаков.

7 Имено, нивниот имот толку се зголеми, што не можеа да останат заедно: крајот во кој престојуваа не можеше да ги издржава поради нивниот добиток.

8 Така Исав, наречен Едом, се насели во планинскиот крај Сир.

9 И така, ова е потомството на Исав, прататко на Едомците, во планинскиот крај Сир.

10 Овие се имињата на Исавовите синови: Елифаз, син на Исавовата жена Ада; Рагуил, син на Исавовата жена Васемата.

11 Елифазови синови беа: Теман, Омар, Сефо, Готом и Кенез.

12 Темна му беше соложница на Исавовиот син Елифаз; таа му го роди на Елифаза - Амалик. Тоа се потомците на Исавовата жена Ада.

13 А овие се синовите на Рагуила: Нахат, Зара, Сама и Миза. Тие и беа синови на Исавовата жена Васемата.

14 А овие пак се синови на Исавовата жена Оливема, Анината ќерка, Севегоновата внука; таа му ги роди на Исава: Еуса, Еглама и Кореја.

15 Овие се родовски првенци на Исавовите потомци: потомците на Исавовиот првенец Елифаз: кнез Теман, кнез Омар, кнез Сефо, кнез Кенез,

16 кнез Кореј, кнез Готом и кнез Амалик. Тоа се родовските главатари на Елифазовите, во Едомската Земја; тоа се Адините потомци.

17 А овие се потомците на Исавовиот син Рагуил: кнез Нахат, кнез Зара, кнез Сама и кнез Миза. Тоа се родовските главатари на Рагуиловите во Едомската Земја; тоа се потомци на Исавовата жена Васемата.

18 А овие се потомците на Исавовата жена Оливема: кнез Еус, кнез Еглам и кнез Кореј. Тоа се родовските главатари на Исавовата жена Оливема, Анина ќерка.

19 Тие се синовите на Исав - Едом, нивни кнезови.

20 А овие се синовите на Кореецот Сир, жители на онаа земја: Лотан, Совил, Севетон, Ана,

21 Дисон, Асар и Дисан. Тоа се првенците на Хорејците, на Сировите синови во Едомската Земја.

22 Лотанови синови беа: Хори и Емам; а Темна беше Лотанова сестра.

23 Овие беа Совилови синови: Алван, Манахат, Гевал, Сефо и Онам.

24 Севетонови синови беа: Аја и Ана. Ана е оној, кој ги најде топлите извори во пустината, додека ги чуваше ослињата на татка си Севатона.

25 Овие беа Анини деца: син Дисон и Анината ќерка Оливема.

26 Овие беа Дисонови синови: Амадан, Асван, Итран и Харан.

27 Овие беа Асарови синови: Валан, Заван и Акан.

28 А Дисанови синови беа: Уз и Аран.

29 Овие се кнезови на Хорејците: кнез Лотан, кнез Совил, кнез Севетон, кнез Ана,

30 кнез Дисон, кнез Асар и кнез Дисан. Тие беа кнезови на Хорејците, главатар по главатар, во Сирската Земја.

31 Еве ги царевите, што царуваа во Едомската Земја, пред да завладее царот на Израелевите синови.

32 Веоровиот син Вел владееше во Едом; неговиот град се викаше Денава.

33 Кога умре Вел на негово место се зацари Јоав, син на Зара од Восора.

34 Кога умре Јоав на негово место се зацари Хусам од Теманската Земја.

35 Кога умре Хусам на негово место се зацари Адад, син Вададов, кој ги порази Мадијамците на Моавското Поле. Името на неговиот град беше Авит.

36 Кога умре Адад, место него се зацари Самла од Марсек.

37 Кога умре Самла, место него се зацари Саул од Роват, што е при Реката.

38 Кога умре Саул на негово место се зацари Валанан, Ахоров син.

39 Кога умре Валанан синот Ахоров, на негово место се зацари Адар. Името на неговиот град беше Пау. Неговата жена се викаше Метавеила. Беше Матредова ќерка, од Мезава.

40 Овие се имињата на Исавовите старешини со нивните имиња по родовите и по сместувањето: старешина Тамна, старешина Алва, старешина Етет,

41 старешина Оливема, старешина Ила, старешина Финон,

42 старешина Кенез, старешина Теман, старешина Мивсар,

43 старешина Матедил и старешина Ирма. Тие беа едомски кнезови, според нивните населби во земјата што ја зазедоа. Тоа е Исав прататко на Едомците.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50