19 така што ханаанските предели се тегнеа од Сидон кон Герар, сè до Газа, па кон Содом и Гомор, Адма и Цевоим до Лаша.
20 Тоа се Хамовите синови, според своите племиња и јазици, според своите земји и народи.
21 А и на Сим - прататко на сите Еверовци и постар Јафетов брат - му се родија синови.
22 Симови синови: Елам, Асур, Арфаксад, Луд и Арам.
23 А Арамови синови: Уз, Ул, Гетер и Маш.
24 И на Арфаксад му се роди Сала, а на Сала му се роди Евер.
25 А на Евера му се родија два сина; името на едниот беше Фалек, зашто во негово време се раздели земјата; а името на неговиот брат беше Јоктан.