Битие (1 Moj.) 12:5-11 MKB

5 Аврам ги поведе со себе: својата жена Сара и својот внук Лот, со целиот имот што го спечалија и со сите луѓе што ги доби во Харан, и сите тргнаа кон Ханаанската Земја. Кога стигнаа во Ханаан,

6 Аврам ја пропатува земјата до местото Сихем - до дабот Море. Во тоа време Ханаанците живееја во земјата.

7 Господ му се јави на Аврама и рече: „Ќе му ја дадам оваа земја на твоето потомство.” И Аврам му направи таму жртвеник на Господа, Кој му се јави.

8 Оттаму се премести кон ридот, што е на исток од Ветил. Таму го оптегна својот шатор, меѓу Ветил на запад и Гај на исток. И таму Му направи жртвеник на Господа и го повика Господовото име.

9 Потоа Аврам продолжи да патува сè кон југ, кон Негев.

10 Кога настапи глад во земјата, Аврам слезе во Египет да поживее таму, зашто голем глад завладеа во земјата.

11 Кога се наближи до влезот во Египет, и рече на својата жена Сара: „Знам дека си убава жена.