Битие (1 Moj.) 19:16-22 MKB

16 Ама тој се двоумеше. Затоа тие го фатија за раце, исто и неговата жена и неговите две ќерки, и - според Господовото смилување над нив - ги одведоа и ги оставија надвор од градот.

17 Штом ги изведоа во полето, едниот проговори: „Бегај, за да го спасиш животот! Не се обѕрнувај, ниту запирај некаде во рамницата, за да не загинеш!”

18 Но Лот одговори: „Не така, господине!

19 Туку, ако твојот слуга најде милост во твоите очи - а веќе ми искажа толкава милост, спасувајќи ми го животот - јас не можам да побегнам во планината, а да не ме најде несреќа и да загинам.

20 Ене град онаму, доста е близу за да побегнам во него, а местото е толку мало. Остави ме да избегам онаму - местото е навистина мало - дај, да го спасам животот!”

21 Му одговори: „Ќе ја послушам и таа твоја молба, и нема да го разурнам градот за кој зборуваш.

22 Бргу! Бегај онаму, зашто не можам да направам нешто додека ти не стигнеш таму.” Затоа градот се вика Сигор.