23 Додека сонцето изгреваше над земјата, Лот влегуваше во Сигор.
24 Господ истури сулфурен оган од небото на Содом и Гомор,
25 и ги уништи оние градови, и сета таа рамница, сите градски жители и сите растенија на земјата.
26 А Лотовата жена се обѕрна, и се претвори во столб од сол.
27 Утреден, рано во мугрите, Авраам поита на местото каде што стоеше пред Господа,
28 го насочи погледот кон Содом и Гомор и кон сета рамница во далечина: и виде како се крева дим над земјата, како дим од некаква печка.
29 И така Бог, додека ги разурнуваше градовите во рамницата, во кои живееше Лот, се сети за Авраама и го отстрани Лота од пропаст.