Битие (1 Moj.) 19:29-35 MKB

29 И така Бог, додека ги разурнуваше градовите во рамницата, во кои живееше Лот, се сети за Авраама и го отстрани Лота од пропаст.

30 Лот се плашеше да живее во Сигор, па, со своите две ќерки, отиде од Сигор горе и се настани во планината. Тој и неговите две ќерки живееја во пештера.

31 Постарата и рече на помладата: „Татко ни остаре, а на земјата нема маж за да влезе при нас, како што е обичај по цел свет.

32 И така, да го испијаниме со вино нашиот татко, и да легнеме со него: така со таткото ќе го запазиме потомството.”

33 Во онаа ноќ го испијанија таткото со вино, и постарата отиде да легне со татка си, а тој не знаеше ни кога легнала ни кога станала.

34 На другиот ден постарата и рече на помладата: „Ете, сношти јас лежев со татка ни; да го испијаниме и ноќеска, па оди и ти да лежиш со него: така ќе му го запазиме потомството на таткото.”

35 Го испијанија таткото со вино и во таа ноќ, па помладата отиде и легна со него, а тој не знаеше ни кога легнала ни кога станала.