Битие (1 Moj.) 19:3-9 MKB

3 Но тој ги викаше упорно и тие се вратија кај него и влегоа во неговата куќа. Тој ги нагости, им испече бесквасен леб и јадоа.

4 Уште не беа легнале, да одморат, кога жителите на градот, Содомците, млади и стари, целиот народ до последниот човек, ја опкружија куќата.

5 Го викнаа Лота и му рекоа: „Каде се луѓето, кои дојдоа ноќеска кај тебе? Изведи ни ги, за да ги познаеме?”

6 Лот излезе пред нив, на влезот, и ја затвори вратата зад себе.

7 „Браќа мои - им рече тој - ве молам, не правете го тоа зло!

8 Еве, имам две ќерки, до кои маж уште не се допрел: ќе ви ги изведам нив, па правете со нив што сакате; само на овие луѓе не им правете ништо, зашто дојдоа под сенката на мојот покрив.”

9 „Отстапи оттаму! - рекоа. - Дојде како придојденец, а веќе се поставува како судија. Сега ќе ти сториме тебе поголемо зло отколку ним.” И се засилија кон човекот, Лот, и се нафрлија на вратата, за да ја скршат.