Битие (1 Moj.) 19:31-37 MKB

31 Постарата и рече на помладата: „Татко ни остаре, а на земјата нема маж за да влезе при нас, како што е обичај по цел свет.

32 И така, да го испијаниме со вино нашиот татко, и да легнеме со него: така со таткото ќе го запазиме потомството.”

33 Во онаа ноќ го испијанија таткото со вино, и постарата отиде да легне со татка си, а тој не знаеше ни кога легнала ни кога станала.

34 На другиот ден постарата и рече на помладата: „Ете, сношти јас лежев со татка ни; да го испијаниме и ноќеска, па оди и ти да лежиш со него: така ќе му го запазиме потомството на таткото.”

35 Го испијанија таткото со вино и во таа ноќ, па помладата отиде и легна со него, а тој не знаеше ни кога легнала ни кога станала.

36 Така обете Лотови ќерки забременија од таткото.

37 Постарата роди син и му даде име Моав (Тој е од мојот татко). Тој е прататко на денешните Моавци.