6 Лот излезе пред нив, на влезот, и ја затвори вратата зад себе.
7 „Браќа мои - им рече тој - ве молам, не правете го тоа зло!
8 Еве, имам две ќерки, до кои маж уште не се допрел: ќе ви ги изведам нив, па правете со нив што сакате; само на овие луѓе не им правете ништо, зашто дојдоа под сенката на мојот покрив.”
9 „Отстапи оттаму! - рекоа. - Дојде како придојденец, а веќе се поставува како судија. Сега ќе ти сториме тебе поголемо зло отколку ним.” И се засилија кон човекот, Лот, и се нафрлија на вратата, за да ја скршат.
10 Тогаш двајцата ги испружија рацете надвор, го повлекоа Лота при себе, и ја затворија вратата;
11 а луѓето пред вратата, младите и старите, ги заслепија со блесок, така што не можеа да ја најдат вратата.
12 Тогаш двајцата го прашаа Лота: „Кого имаш уште тука: синови и ќерки, сè што имаш, изведи ги од местово!