11 Името на првата е Фисон, а ја обиколува целата Евилска Земја, во која има злато.
12 Златото на таа земја е добро, а има таму и бделиј и ониксов камен.
13 Името на втората река е Гион, а ја обиколува целата земја Хус.
14 Третата река е Тигар, а тече на исток од Асирија; четвртата река е Еуфрат.
15 Господ, Бог, го зеде човекот и го постави во Еденската Градина, за да ја обработува и да ја чува.
16 Господ, Бог, му заповеда на човекот, велејќи: „Јади слободно од секое дрво во градината,
17 но да не јадеш од дрвото за познавање на доброто и злото! Во денот кога јадеш од него, навистина ќе умреш!”