13 Името на втората река е Гион, а ја обиколува целата земја Хус.
14 Третата река е Тигар, а тече на исток од Асирија; четвртата река е Еуфрат.
15 Господ, Бог, го зеде човекот и го постави во Еденската Градина, за да ја обработува и да ја чува.
16 Господ, Бог, му заповеда на човекот, велејќи: „Јади слободно од секое дрво во градината,
17 но да не јадеш од дрвото за познавање на доброто и злото! Во денот кога јадеш од него, навистина ќе умреш!”
18 И Господ, Бог, рече: „Не е добро човекот да биде сам, ќе му направам помошник соодветен нему.”
19 Тогаш Господ, Бог, ги обликува од земја сите животни во полето и сите птици во воздухот, и ги приведе при човекот, за да види како ќе ги нарече, па како човекот ќе го именува секое суштество, така да му биде името.