22 Од реброто што го зеде од човекот Господ, Бог, обликува жена и ја доведе при човекот.
23 Тогаш човекот рече: „Сега најпосле, тоа е коска од моите коски, и месо од моето месо! Нека биде наречена Жена, зашто е земена од Мажот!”
24 Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си, и ќе се прилепи кон својата жена; и тие ќе станат едно тело.
25 А обајцата беа голи, човекот и неговата жена, но не се срамуваа.