Битие (1 Moj.) 2:4-10 MKB

4 Тоа се раѓањата на небото и земјата, кога беа создавани. Во денот кога Господ, Бог, ги правеше земјата и небото,

5 уште немаше никакво полско растение по земјата, уште немаше никнато никакво зеленило, зашто Господ, Бог, уште не пушти дожд на земјата, и го немаше човекот да ја обработува земјата.

6 Но се креваше пареа од земјата, и ја натопуваше почвата на целата земја.

7 Господ, Бог, го обликува човекот од земниот прав и му дувна здив на живот во носалките. Така човекот стана жива душа.

8 И Господ, Бог, насади градина на исток, во Еден, и таму го смести човекот, кого го обликува.

9 Тогаш Господ, Бог, направи та од земјата изникна секое дрво - убаво за погледот и добро за храна - и дрвото на животот, среде градината, и дрвото за познавање на добро и зло.

10 Река извираше од Еден за да ја натопува градината; оттаму беше раздвоена, и настанаа четири главни реки.