9 Тогаш Господ, Бог, направи та од земјата изникна секое дрво - убаво за погледот и добро за храна - и дрвото на животот, среде градината, и дрвото за познавање на добро и зло.
10 Река извираше од Еден за да ја натопува градината; оттаму беше раздвоена, и настанаа четири главни реки.
11 Името на првата е Фисон, а ја обиколува целата Евилска Земја, во која има злато.
12 Златото на таа земја е добро, а има таму и бделиј и ониксов камен.
13 Името на втората река е Гион, а ја обиколува целата земја Хус.
14 Третата река е Тигар, а тече на исток од Асирија; четвртата река е Еуфрат.
15 Господ, Бог, го зеде човекот и го постави во Еденската Градина, за да ја обработува и да ја чува.