Битие (1 Moj.) 20:6-12 MKB

6 Бог му одговори на сон: „Знам дека тоа го стори со чиста совест; и Јас те задржав да не згрешиш против Мене; и не оставив да се допреш до неа.

7 Сега врати му ја жената на човекот; тој е пророк; ќе моли за тебе, за да останеш во живот. Ако не ја вратиш, знај дека ќе умреш, ти и сите твои.”

8 Рано наутро Авимелех стана, ги свика сите свои слуги и им кажа сè што беше, и луѓето се исплашија многу.

9 Потоа Авимелех го повика Авраама и му рече: „Што ни стори! Со што згрешив јас кон тебе, за да ме изложиш мене, и моето царство, на голем грев? Се однесе кон мене како што не чини.

10 И така, што имаше на ум - го праша Авимелех - кога правеше така?”

11 Авраам одговори: „Навистина сметав дека нема Божји страв во ова место и дека луѓето ќе ме убијат заради мојата жена.

12 Освен тоа, таа е навистина моја сестра: ќерка е на татка ми, иако не и на мајка ми, па ми стана жена.