1 Господ се сети за Сбра како што рече, и стори за неа како што вети:
2 Сбра зачна и му роди на Авраама син, во неговата старост - во времето што Бог го означи.
3 Авраам му даде име Исак на синот, што му го роди Сбра.
4 И по осум дни Авраам го обреза својот син Исак, како што Бог му нареди.
5 А Авраам беше на сто години кога му се роди синот Исак.
6 Сбра рече: „Бог ме направи за потсмев, и секој што ќе го чуе ова, ќе ми се насмее.”
7 Уште додаде: „Кој би му рекол некогаш на Авраама: ‘Сбра ќе ти храни дете!’ Сепак му родив син во старост.”