Битие (1 Moj.) 21:12-18 MKB

12 Но Бог му рече на Авраама: „Да не ти е тешко заради детето и заради својата слугинка; послушај сè што ти вели Сбра, зашто Исаковото семе ќе го овековечи твоето име.

13 И од синот на твојата слугинка, ќе издигнам голем народ, зашто е твој потомок.”

14 Рано наутро Авраам зеде леб и мев со вода па ги даде на Агара; ги стави на нејзините раменици и ја отпушти. Таа скиташе ваму-таму по пустината Вирсавеа.

15 Откако ја потроши водата од мевот, го остави детето под една грмушка,

16 а самата отиде и седна наспроти, далеку колку што може лак да фрли. Велеше во себе: „Нејќам да видам како умира детето.” Седејќи така, почна да плаче.

17 Бог го чу плачењето на детето, и Божји ангел ја повика од небото Агара и и рече: „Што ти е, Агаро? Не бој се! Зашто Бог го чу плачот на детето во неговата неволја!

18 Стани! Крени го детето и утеши го, зашто од него ќе издигнам голем народ.”