13 И од синот на твојата слугинка, ќе издигнам голем народ, зашто е твој потомок.”
14 Рано наутро Авраам зеде леб и мев со вода па ги даде на Агара; ги стави на нејзините раменици и ја отпушти. Таа скиташе ваму-таму по пустината Вирсавеа.
15 Откако ја потроши водата од мевот, го остави детето под една грмушка,
16 а самата отиде и седна наспроти, далеку колку што може лак да фрли. Велеше во себе: „Нејќам да видам како умира детето.” Седејќи така, почна да плаче.
17 Бог го чу плачењето на детето, и Божји ангел ја повика од небото Агара и и рече: „Што ти е, Агаро? Не бој се! Зашто Бог го чу плачот на детето во неговата неволја!
18 Стани! Крени го детето и утеши го, зашто од него ќе издигнам голем народ.”
19 Тогаш Бог и ги отвори очите и таа забележа извор на вода. Отиде и го наполни мевот со вода, па го напои детето.