21 Неговиот дом беше во пустината Фаран; а неговата мајка му доведе жена од Египетската Земја.
22 Во тоа време, Авимелех - кого го придружуваше Филох, заповедник на неговата војска - му рече на Авраама: „Бог е со тебе во сè што правиш.
23 Затоа, заколни ми се сега и тука во Бога, дека нема да нè мамиш ни мене, ниту моите роднини и пријатели, туку дека ќе се однесуваш чесно кон мене и кон земјата во која живееш сега, како што јас се однесов кон тебе.”
24 „Се колнам”, одговори Авраам.
25 Тогаш Авраам го укори Авимелеха заради водниот кладенец, што го присвоија Авимелеховите слуги.
26 А Авимелех рече: „Не знам кој го направил тоа; ни ти не ме извести за тоа, ниту јас чув за тоа, освен денес.”
27 Авраам зеде овци и говеда па му ги даде на Авимелеха, и тие двајца склучија договор.