6 Сбра рече: „Бог ме направи за потсмев, и секој што ќе го чуе ова, ќе ми се насмее.”
7 Уште додаде: „Кој би му рекол некогаш на Авраама: ‘Сбра ќе ти храни дете!’ Сепак му родив син во старост.”
8 Детето растеше и го одбија од градата. А во денот, кога го одбија Исака, Авраам даде голема гозба.
9 Сбра виде како синот на Египетката Агара, кого му го роди на Авраама, се поигрува со нејзиниот син Исак,
10 и му рече на Авраама: „Изгони ги слугинката и нејзиниот син, зашто синот на робинката не смее да биде наследник со мојот син - со Исака!”
11 Тоа не му беше мило на Авраама, зашто и Исмаил беше негов син.
12 Но Бог му рече на Авраама: „Да не ти е тешко заради детето и заради својата слугинка; послушај сè што ти вели Сбра, зашто Исаковото семе ќе го овековечи твоето име.